Фејсбукоманија, Фејсбукитис и опсесивно манично фејсбукирање

Повеќе... Фејсбук на прв поглед е една безопасна социјална мрежа, но тоа е само, како што се вели, „волк во овчjа кожа“. Сè започнува така што пријателите ви кажуваат дека се регистрирале на Фејсбук, па помислувате зошто и вие да не го направите истото. И така се регистрирате, поставувате фотографии, видеа, разговарате и запознавате нови пријатели, па на крајот почнувате деноноќно со нив да играте игрици. Во продолжение прочитајте зошто сето тоа отиде предалеку…


7726_122791943601_719033601_2441915_175455_n.jpgФејсбук на прв поглед е една безопасна социјална мрежа, но тоа е само, како што се вели, „волк во овчjа кожа“. Сè започнува така што пријателите ви кажуваат дека се регистрирале на Фејсбук, па помислувате зошто и вие да не го направите истото. И така се регистрирате, поставувате фотографии, видеа, разговарате и запознавате нови пријатели, па на крајот почнувате деноноќно со нив да играте игрици. Во продолжение прочитајте зошто сето тоа отиде предалеку…

1. Ајде да додадеме неколку пријатели
Нормално, сè започнува со вистинските пријатели, па потоа се појавува пријател на пријателот, па неговиот пријател и така се продолжува до недоглед. Вие само го прифаќате секое барање. Нормално, па кој можа да го одбие пријателот на пријателот на пријателот. На крајот сте целосно изгубени зошто веќе не можете сè да следите. Ви доаѓаат e-mail-ови на руски, јапонски,француски…. Така започнува првата фаза на Фејсбукманијата.

2. Шефот мисли дека сте зависник од дрога
Заради Фејсбук може да го изгубите работното место. Додека работите, ви се појавува желбата да видите што има ново на Фејсбук и вие, нормално, не можете да му одолеете на тој нагон. Одите на Фејсбук и малку гледате, потоа вашиот шеф доаѓа и запира на вашата маса да види како напредувате. Во тој момент (нормално веќе сте стиснале Alt+Tab), гледа дека вие речиси ништо не сте направиле. А вие со огромни подочњаци (затоа што цела вечер сте виселе на Фејсбук), преиспотени и нервозни (заради шефот) се правдате со тоа дека имате семејни проблеми.

3. Куп ѓубре
Кога веќе сте насобрале куп пријатели, доаѓа на ред и читање на куп глупави e-mail-ови и новости за луѓе кои не ги познавате. Но, некој се смилувал и ја вовел опцијата News Feed преку која можете да ги филтрирате несаканите вести, па штетата сепак може делумно да биде ублажена.

4. Ќе одиме на кафе? Немам време, ќе одам на Фејсбук!
Со самото регистрирање на Фејсбук веќе сте го продале своето слободно време. Минута по минута, и денот си заминал. Со филтрирањето (види под 3) сте заштедиле неколку дена, но бариерата наскоро пукнува. Повторно добивате еден куп бескорисни информации и едноставно не можете да престанете да ги читате иако сакате. Тука се јавуваат првите видливи знаци на зависност од Фејсбук, наречена Фејсбукоманија. 99,9 % од своето слободно време ќе го поминете пред компјутер и така комуникацијата со надворешниот свет ќе ја сведете на минимум.

5. Еј, знаеш дека малиот прст на левата рака ми е подебел од оној на десната?
Сега веќе се појавуваат изгубените случаи кои не комуницираат со надворешниот свет, дале отказ (или го добиле) и 20 саати поминуваат на Фејсбук, се зачлениле во сите постоечки групи и секој ден наоѓаат жртви на кои ќе им испратат најмалку 20 e-mail-ови за секакви глупости кои не можете ни да ги замислите. Некои се толку тврдокорни што не можете да ги откачите на друг начин освен да се откажете од вашиот профил на Фејсбук. Тука веќе жалите затоа што воопшто сте се регистрирале, но сепак не можете да се одвоите од вашиот драг Фејсбук.

6. Тука има еден куп примати, но гледај – тука е и моето семејство

Откако поставивте неколку свои фотографии, тие фотографии не ги гледаат само вашите пријатели, туку можат да ги видат и останатите корисници на Фејсбук. И така ви отиде приватноста и никогаш нема да ви се врати. За таков проблем постои решение, а гласи: подесување на опциите. Тука голем проблем е и самиот Фејсбук кој ги бележи сите ваши активности и сите ваши забелешки и вести. На пр. ако Фејсбук често ги бележи вашите активности навечер ќе знае дека имате проблеми со спиењето и набрзо на страниците кои ги отварате ќе почнат да појавуваат реклами за удобни перници. Во тој момент сте станале позната личност и секој ваш чекор се следи, но за вас никој не чул. Ако напишете дека купувате автомобил, тоа е веќе завршена работа и 90% од рекламите ќе бидат за автомобили.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

7. Вчера те видов на фотографија како спиеш во грмушка
Готово е со професионалните односи. Доаѓате на работа и сите ве гледаат како да имате чума, а работата е дека некој ве фотографирал додека сте била во непристојна поза и ве ставил на Фејсбук, па после сите ве виделе. Тоа е навистина наубава работа и вистинско решение нема. Можете да ги одбиете сите пријателства од колегите на работа, но тоа не е баш поволно решение.

8. Колкав ти е резулатот?
Кога ќе ги откриете игрите заразата е готова и го нема тоа нешто што ќе ве одлепи од Фејсбук. Ќе играте се додека не научите напамет колку портокали се потешки од три мајмуни во Brain Challenge, се додека не дојдете до поголем левел и имате поголем број пријатели во Mafia Wars, односно се додека не ги знаете напамет сите знамиња на секоја држава во светот во Geo Challenge. Сите тие игри се толку смотани, но не можете да престанете да ги играте. После еден месец лудачко кликање маусот најверојатно ќе ви се распадне, а вие ќе морате да го ампутирате прстот. Но, само што ќе забележите дека некој има подобар score од вас, ќе купите нов маус, ќе се префрлите на другата рака и нема да се мрднете од компјутерот сè додека не го срушите тој рекорд.

9. Ама на Фејсот пишува дека имаш девојка
Од милионите полиња за личните податоци на Фејсбук можете да го потполните и она за вашата врска. Од она што ви се нуди како избор можете да кажете дека сте во брак, во врска или дека работите се искомплицирале. А што ако во меѓувреме врската пукне? Тогаш доаѓа дилемата дали тоа да им го кажете на сите или едноставно да почекате тоа да се расчуе. Затоа најдобро е да го оставите тоа поле празно сè додека не се ожените/омажите.

10. Ако мислевте дека ги исцрпивме сите негативности на Фејсбук, мораме да ви кажеме дека сте се излажале. Имено, Фејсбук ќе ви донесе и болести како акутен хроничен фејсбукитис или опсесивно-манијачно фејсбукирање. Епидемолозите го предвидуваат брзото ширење на вирусот на фејсбуков грип (F5B1) и ако нешто не се преземе наскоро целата човечка популација ќе биде заразена од овој опасен вирус. Самиот вирус не е толку опасен, но последиците се некои од горенаведените болести. Ова беа мали предупредувања и внимавајте и вам да не ви се случи нешто слично. Фејсбук навистина може да биде корисен и секако не треба да се избегнува, но внимавајте да не завршите вака.

- Реклама -