Рио Фердинанд: Еј, Кристијано, се гледаме брате

Без оглед на полемиките што се развија по денешната ждрепка за ЛШ, дуелот меѓу најтрофејниот европски и најтрофејниот англиски клуб ќе биде шанса Португалецот Кристијано Роналдо да се врати на „Олд трафорд“, местото кое го пласираше меѓу најдобрите фудбалери во светот.Само неколку минути по денешната ждрепка, прв со своја реакција се јави Рио Фердинанд кој очигледно најмногу се израдува на дуелите со Реал Мадрид.

– О, да, Мадрид!!! Какви прекрасни два натпревари ќе бидат тоа!!! Еј, Кристијано, се гледаме наскоро брате – напиша воодушевениот Фердинанд на Твитер.

Роналдо во 2009 година од Јунајтед отиде во Реал Мадрид за рекордни 96 милиони евра, а на неговото враќање очигледно најмногу се радува стоперот на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите
- Реклама -