Portofino е новиот основен модел на Ferrari, кој доаѓа на местото на California T. Промената на моделот се чекаше подолго време, бидејки California дебитираше во 2008 година, а во 2014 се појави и турбо верзијата California T.
Италијанците се откажуваат целосно од името California и наместо тоа се појавува моделот, именуван по прекрасниот мал град во северозападна Италија. Portofino е нешто повеќе од редизајн верзија на California, иако нејзиниот дизајн може да се опише како еволуција на претходниот модел. Меѓутоа, има многу други детали кои ја чинат разликата, а една од поважните е што новината е изградена на сосема нова и многу полесна шасија, што доведе до сериозно подобрување на моќта.
Под капакот на моторот на новиот модел е 3,9-литарски V8 мотор со две турбини чија моќност за оваа цел е зголемена за 40 коњски сили – до импресивни 600 КС. Вртежниот момент е поголем за само 5 Nm и изнесува 760 Nm. Од Ferrari сеуште не објавена колку е тежината на новиот автомобил, но забрзувањето на Portofino од 0 до 100 km/h трае 3,5 секунди, односно за 0,1 секунда побрзо во споредба со California T. Максималната брзина му e 320 km/h.
Portofino излегува на пазарот со нов серво волан и третата генерација на електронски заден диференцијал на Ferrari. Oвие промени обезбедуваат подобар потисок врз подлогата и подобра контрола над возилото. Внатрешноста вклучува нов дизајн на воланот, 10,2-инчен екран чуствителен на допир, нови и поефикасни седишта со клима и електрично седиште со 18 прилагодливи опции.
Светската премиера на Ferrari Portofino ќе биде на изложбениот салон во Франкфурт во септември.