Ferrari понуди први фотографии на отворената верзија на суперспортскиот модел LaFerrari, која ќе биде претставена официјално за време на меѓународниот салон во Париз, на есен.
Иако засега не се знае името на новата изведба на легендарната италијанска марка, познато е дека таа ќе се нуди во две главни верзии – со мек покрив на преклопување и хард – карбонски. Погонскиот систем на откриеното LaFerrari ќе биде иста како и на оригиналната верзија на моделот (хибриден со моќност од 963 коњски сили), но новината ќе располага со оптимизирана според конструкцијата шасија, како и со променета аеродинамика.
Во моментов од Ferrari не коментираат колку точно единици од откриеното LaFerrari ќе бидат произведени, но тврдат дека тоа и не е толку важно, бидејки се веќе распродадени.