Ferrari лансира втор модел со турбо – мотор

До крајот на годината Ferrari ќе го лансира вториот модел опремен со турбо-мотор, кој ќе стане наследник на суперспортскиот 458 Italia. Ова го соопшти весникот GTSpirit, кој се повикува на свој извор во компанијата.

Неодамна беше пласирана информација дека Италијанците имаат подготвено нова варијанта на нов топ модел, каде ќе се вградува 3.8 литарскиот V8 со две турбини, кој сега се вградува на седанот Maserati Quattroporte и на обновеното купе Ferrari California. Кај Maserati Агрегатот развива моќност од 530 КЅ, а кај California – 560 КЅ. Во моделот на Ferrari овој мотор  ќе го замени досегашниот 4,3-литарски V8 со моќност од 490 КЅ и како стојат работите ќе биде со најголема моќност.

Во моментов родстерот и 458 Italia се нудат со 4.5-литарски бензински V8, чија моќност е 570 КЅ. Има и верзија Speciale, kade што моторот е форсиран до 605 KS, а забрзувањето до стотка е за 3 секунди.

- Реклама -