ФФМ му приреди специјално изненадување на коментаторот Стојановски по повод неговиот говор по мечот со Грузија (ВИДЕО)

И по повеќе од еден месец од победата над Грузија за историски прв настап на Европското првенство на македонската фудбалска репрезентација, коментаторот Тони Стојановски сѐ уште го држат емоциите, му признава тој на директорот на ФФМ – Муамед Сејдини, кој му приреди специјално изненадување.

Стојановски, по судискиот свиреж кој означи дека одиме на ЕП, упати силни патриотски пораки за јазикот, идентитет и моќта која ја имаме кога работиме како еден, без оглед на верската, етничката или било каква припадност. Зборовите на Стојановски ги освоија срцата на нацијата, но имаше и критики – дека мешал спор со политика. Сејдини, меѓутоа, не мисли така.

„Човек, кога зборува со душа и со срце, никогаш не греши“, му порача директорот на ФФМ на коментаторот Стојановски, посочувајќи му да го повлече платното, зад кое се најде слика на која се испишани токму неговите – според некои „контроверзни“, но според сите други – искрени, многу емотивни и насушно потребни зборови.

Прочитајте и:  МНР му го поништи дипломатскиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Како што велат од ФФМ, сликата со зборовите на Стојановски ќе стои меѓу другите легендарни моменти истакнати на влезот, за да им биде инспирација на сите идни репрезентативци.

„ ‘Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште.’ Честа е наша, Тони Стојановски! Ви пожелуваме среќна и здрава Нова година!“, додаваат од ФФМ.

- Реклама -