ФИФА ранг листа: Македонија на 103 место

Македонската фудбалска репрезентација и понатаму се наоѓа под стототo место на листата на ФИФА, а најновото издание бележи пад од дополнителни две позиции и е рангирана како 103. селекција.

„Црвено-жолтите“ ја делаат оваа позиција со Бахреин и се убедливо најслабо рангирана репрезентација во својата квалификациска група за пласман на мундијалот во Бразил во 2014 година. Од противниците, Хрватска е деветтопласирана и бележи пад од едно место, Србите паднаа на 37.место, веднаш зад нив е и Велс на 38.позиција, Шкотска е 49., а Белгија се наоѓа на 53.место. Македонија е цели педесет позиции подолу од Белгија, на 103.место на листата на ФИФА.

На врвот неприкосновена е репрезентацијата на европскиот и светски шампион Шпанија, пред Германија која сега се искачи на второто место, а треторангирана е селекцијата на Уругвај. Во „топ 10“ следуваат Англија, Португалија, Италија, Аргентина, Холандија, Хрватска и Данска. Интересно е дека Бразилците испаднаа од првата „десетка“, имаат пад од шест позиции и се наоѓаат на 11. место на листата на ФИФА.

- Реклама -