Фиктивен свет со реалистичeн изглед

Мајкл Пол Смит е совршен пример на уметник низ чија што работа се гледа огромна страст и уживање. За последните 25 години, тој има поминато  голем дел од неговото време правејќи минијатурни модели и фотографирајќи ги. На тој начин Мајкл успева да не воведе во цела измислена приказна на  автомобили во  фиктивен американски град наречен Елгин парк.

Моделите на Смит се доволно детални, што фотографиите од блиску ни изгледаат како да се дел од реалниот свет, а перспективата чини дополнителен реализам.

Резултатот е чуден вид на историска фикција – верно и автентично репродуцирани сцени од мал американски град кој всушност никогаш не посетоел.

Неговите слики се одличен пример за тоа како уметноста  некогаш може да ги измами очите.

1 2 5 7 8 10 11 12 14

13 3 4 6 9

 

- Реклама -