Филаделфија од 1:3 направи пресврт против Бостон и се пласира во полуфиналето на конференцијата

Кошаркарскиот тим на Филаделфија забележа неверојатна победа над Бостон Селтикс во одлучувачкиот седми натпревар од серијата, со резултат 109:100, што им овозможи да се пласираат во полуфиналето на Источната конференција. Севентисиксерс успеаја да направат подвиг кој е редок во НБА лигата, добивајќи ја серијата откако беа во негатива од 1:3.

По прв пат во својата историја, Бостон не успеа да ја заврши серијата во своја корист откако поведе со 3-1, што го прави триумфот на 76ерс во ТД Гарден исклучително значаен.

На патот до победата, Џоел Ембиид го предводеше тимот на Ник Нурс со импресивен дабл-дабл: 34 поени, 12 скока и шест асистенции.

Тој имаше одлична поддршка од Тајрис Макси, кој повторно блесна, постигнувајќи 30 поени, покрај 10 фатени топки и седум асистенции.

Прочитајте и:  Словенецот запрен во солзи по веста дека ќе го суди финалето на Светското првенство

Бостон во овој натпревар беше ослабен без повредениот Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун не успеа да го надомести неговото отсуство, постигнувајќи 33 поени и девет скока.

Во следната фаза, Филаделфија ќе се соочи со Њујорк Никс, кои успеаја да ги елиминираат Атланта Хокс со 4-2 во серијата.