Филип Петровски во најновата епизода на „Сајбер Команда“: Исчезна името на државата

Исчезна името на државата, заклучува Филип Петровски во најновата, јубилејна 50-та епизода на поткастот „Сајбер команда“ на Јутјуб каналот на Инфомакс, коментирајќи го пристапот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова кон уставното име, конкретно придавката „Северна“, но и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор.

Посочувајќи го како пример официјалниот вебсајт на институцијата Претседател на државата (pretsedatel.mk) – каде што на насловната страна воопшто не се спомнува никакво име на земјата туку стои само грбот на институцијата и празна хедер лента, Петровски заклучува дека пристапот на Сиљановска Давкова е дволичен (едно лице за членството, а друго за меѓународната јавност) и дека наративот од предизборната кампања – дека таа ќе биде претседател на „Република Македонија“ – сега се заменува со наративот за „почитување на меѓународното јавно право“ и враќање во ситуација кога повторно, наместо името на државата ќе се користат изрази како „нашата земја“, „нашата држава“ итн.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
Принтскрин од pretsedal.mk

Петровски оценува и дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ исчезнал наративот дека Преспанскиот договор е склучен и ратификуван „на сила“ и е штетен за македонските национални интереси, дека е предавство и треба да се поништи. Овие наративи, смета, служеле само за манипулирање на членството.

Според Петровски, апсурдно е и повикувањето на меѓународното јавно право кога имаме безброј примери дека реалната (гео)политика се базира на моќ и интереси. Војните во Украина и Газа, но и пресудата против Грција од Меѓународниот суд на правдата, ги посочи како пример. Македонија, смета тој, не треба да биде исклучок од таквиот пристап на давање на приоритет на сопствените национални и државни интереси.

 

- Реклама -