Филипче: Со амбасадорот Ѕуо разговаравме да се забрза испораката на 200.000 вакцини од „Синофарм“

Денеска, министерот за здравство Венко Филипче, на негово барање, остварил средба со амбасадорот на Кина во државава – Џанг Ѕуо.

Тема на разговорот на средбата била забрзување на испораката на вакцините од кинеската Синофарм, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов, информираше Филипче.

Министерот денеска, до вечерва, најави 2.000 вакцини од Синофарм, но како донација од Обединетите Арапски Емирати. Тие требаше да пристигнат на аеродромот во Софија, а според Филипче, веќе било испратено возило за да ги подигне.

- Реклама -