Филипче: Реагиравме ефикасно и го заштитивме здравствениот систем, не дозволивме лоши сценарија како во Европа и светот

„По четири месеци тешка битка со вирусот, слободно можам да кажам дека ние одговоривме зрело, навремено и ефикасно. Го заштитивме здравствениот систем, ги подготвивме капацитетите и добро ја информиравме јавноста. Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот“, вели министерот за здравство Венко Филипче во новиот политички спот од изборната кампања на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Филипче додава дека во комуникацијата со граѓаните биле чесни, транспарентни и доследни, дека известувале навремено, без лажни надежи и кревање паника, но и без криење информации, бидејќи, како што вели, знаеле дека криењето може да биде опасно.

Покрај тоа, во спотот Филипче ја критикува и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ, според него, само одмогнувала во борбата против вирусот – со ширење лажни вести и паника, измислување афери и блокирање на 33 милиони евра европски пари за здравствениот систем.

Прочитајте и:  Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

„Вирусот е тука и нема да замине скоро, а справувањето со него ќе биде еден од најголемите предизвици на идната влада“, порачува Филипче во спотот, повикувајќи ги граѓаните на 15 јули да не ѝ го „доверат своето здравје“ на ВМРО-ДПМНЕ, туку нему и на Социјалдемократскиот сојуз.

- Реклама -