Филипче: Целата стратегија на нашите политички противници е дека народот заборава, но ќе им покажеме дека добро памтиме

„Целата стратегија на нашите политички противници ја темелат на тоа дека народот заборава. Ќе им покажеме дека не се во право и дека овој народ памти подобро од што тие мислат. На 17 октомври ќе го дадеме одговорот, бидејќи овие избори не потсеќаат што бираме“, порача потпретседателот на СДСМ и министер за здравство – Венко Филипче, на партискиот митинг во Прилеп.

„Не забораваме ниту еден ден од тие 11 години режим и нема да бидат заборавени додека не се извинат, покајат и не го вратат секој еден украден денар. Тогаш ќе може да продаваат приказни за подобра иднина“, рече Филипче.

Тој додаде дека треба да изградиме современа инфраструктура која ќе го олесни животот на нашите граѓани и компании за децата да ја гледаат иднината тука.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Немаме време за жртвување на нови генерации и да оставаме некој друг да ни ги решава проблемите. Покажавме дека знаеме како треба и што треба да направиме“, додаде Филипче.

- Реклама -