До финале по изведување на пенали

Актуелниот европски и светски шампион ќе има можност повторно да ја брани титулата најдобар на Стариот континент откако во првиот полуфинален дуел дури по изведувањето на пеналите беше подобар од селекцијата на Португалија совладувајќи ја со 4-2.

Шпанците во уште еден натпревар на кој не демонстрираа доминација на Европското првенство по 0-0 во регуларниот дел и продолженијата стигнаа до третото едноподруго финале по пенал-рулет. Цеск Фабрегас го постигна клучниот четврти гол за „фуријата“ во петтата серија, откако претходно погодија и Иниеста, Пике и Серхио Рамос а не реализираше единствно Чаби Алонсо.

За Португалците пак погодија само Пепе и Нани, промашија Алвеш и Мутињо, додека Кристијано Роналдо не дочека да го изведе последниот удар за својата селекција. Во натпревар на нерви пак претходно љубителите на фудбалот не видоа апсолутно ништо од едни од најдобрите две репрезентации во светот.

Актуелниот европски и светски шампион беше Шпанија тотално анемичен во текот на сите 90 минути од регуларниот дел им дозволи на „европските Бразилци“ максимално рамноправно да ја контролираат играта. Па, под една таква распределба на силите Кристијано Роналдо во 90. минута можеше да и пресуди на „фуријата“ имајќи ја клучната можност за пат кон финалето, но од одлична можност шутираше над голот.

Во продолжението, повторно во сосема еднаков ритам на игра, Шпанците беа тие кои ја имаа најголемата можност, прва вистинска за нив на натпреварот, дури во 104. минута, но Руи Патрисио го одбрани ударот од непосредна близина на Иниеста.

- Реклама -