Финансиски размислувања: Порастот на цената на нафтата повторно може да доведе до зголемување на цените на храната.

Според анализата на Институтот, најзначајниот ризик потекнува од енергетскиот сектор, особено поради постојаното зголемување на цените на дизелот во Европа. Иако во април цените на храната бележат месечен раст од само 0,7 проценти, стручњаците предупредуваат дека трошоците за транспорт и енергија, со временско задоцнување, ќе влијаат на цените на основните производи.

„Цената на маслото за јадење веќе реагира на растот на глобалните цени на нафтата, делумно поради зголемената употреба на земјоделски суровини во производството на биогорива. Податоците од почетокот на мај покажуваат повторно зголемување на цените на дизелот низ Европа, дури и откако дел од владите презедоа мерки за ограничување на даночниот товар на горивата. Ова укажува на тоа дека актуелниот раст е предизвикан, пред сè, од поскапувањето на нафтата и на куповните цени на горивата на меѓународните пазари, а не само од домашните фискални политики“, велат од Фајнанс тинк (ФТ).

Тие дополнуваат дека, ако енергетскиот притисок продолжи, со задоцнување ќе започне да се чувствува и во цените на храната.

Економистите предвидуваат дека енергетскиот притисок ќе влијае и на основните прехранбени производи со сигурно задоцнување.

„Во услови на продолжени геополитички тензиции и нестабилни енергетски пазари, ризикот од ново разгорување на инфлацијата останува значителен. Меѓутоа, не се очекува инфлацијата да достигне нивоа слични на оние од 2022 и 2023 година“, додаваат од ФТ.

Прочитајте и:  Не е мудро да се натпреваруваме со Франција.

Според графиконот објавен на нивната официјална страница, Македонија се наоѓа меѓу земјите со пониски цени на горивата во Европа.

Како што покажува графиконот, на 4 мај литар гориво во Македонија чинел 1,52 евра, што ја поставува земјата на четвртото место по најниска цена, веднаш по Малта, Бугарија и Полска.

Во меѓувреме, Државниот завод за статистика соопшти дека во април трошоците за живот пораснале за 5,7 проценти во споредба со април 2025 година, додека инфлацијата на меѓумесечно ниво изнесувала 1,3 проценти.

Индексот на цените на мало за април 2026 година е повисок за 3,2 проценти, а на годишно ниво за пет проценти. Најзначаен раст се забележува кај алкохолните пијалаци и тутунот – 10,2 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци пораснале за осум проценти. На месечно ниво, најголемо зголемување има во секторот транспорт, каде цените пораснале за 10,1 процент. Цените на прехранбените производи во април 2026 година биле повисоки за 0,8 проценти во споредба со март истата година. Најзначајно зголемување е забележано кај земјоделските производи, кои се покачиле за 2,3 проценти, по што следуваат непрехранбените индустриски производи и тутунот, кои пораснале за 1,8 проценти.

И.О.