Финска ја затвора границата за барателите на азил кои доаѓаат преку Русија

Финска планира да усвои привремен закон кој ќе и овозможи да ја затвори границата за барателите на азил кои доаѓаат преку Русија, соопшти денеска финскиот премиер Петери Орпо.

Финска минатата година во неколку наврати ги затвори сите гранични премини со Русија поради зголеменото пристигнување на луѓе без валидни документи за влез во Европската Унија од Сомалија, Мароко, Пакистан, Кенија, Сирија и Јемен.

Сепак, повеќе баратели на азил пристигнаа во текот на зимата и финските власти веруваат дека овие бројки би можеле да се зголемат кога времето ќе стане потопло.

Во декември минатата година Хелсинки соопшти дека Москва намерно ги придружува мигрантите до границата, во форма на „хибридна операција“ за да и се одмазди на Финска за соработката со САД, што Кремљ го негираше.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

„Финска мора да биде подготвена за можноста од продолжен притисок од Русија“, изјави финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен.

- Реклама -