Во текот на неделава Финска ќе стане земјата со најмлад премиер на светот. Се работи за Сана Марин, која ќе ја предводи коалицијата во која учествуваат уште четири други партии, сите предводени од жени.
34-годишната Марин е актуелен министер за транспорт, а функцијата премиер ќе ја преземе од Анти Рине, кој минатата недела се повлече после само шест месеци предводење на владата, откако изгуби доверба од коалициониот партнер. Од лидерките на останатите четири партии во коалицијата на Сана Марин, дури три се во своите 30-ти години од животот (фото на крајот од текстот).
И покрај тоа што е најмлада премиерка во светот, а со тоа и во историјата на Финска, Марин вели дека никогаш не размислувала за својата возраст или пoл, туку е водена од причините поради кои влегла во политиката и за кои ја доби довербата на електоратот.
Инаку Марин ќе биде трета премиерка на Финска. Пораснала со самoxрана мajка, која подоцна влегла во иcтoпoлoв бpaк. Прва е во своето семејство што завршила факултет. Нејзината популарност во финската политика нагло порасна откако на 27-годишна возраст седна на чело на советот на Тампере – вториот најголем град во Финска. Порано годинава го замени Рине на позицијата лидер на партијата, откако тој мораше да напpaви пауза поради болecт.
Во фокусот на програмата на нејзината коалиција е зголемено трошење на социјални услуги и инфраструктура, како и заложба земјата да стане карбон-неутрална (0 емисија на штетни гасови) најдоцна до 2035-та.
По Марин, најмлади премиери во светот се Јасинда Ардерн од Нов Зеланд – 39 години, и Олексиј Хончарук од Украина – на возраст од 35 години.
Finland’s government is now led by these five party leaders. #newgeneration pic.twitter.com/vis0qB9tO8
— Tuomas Niskakangas (@TNiskakangas) December 8, 2019