Финскиот снајперист Симо Хајха. Од фармер до легенда

Започнува Зимската војна, Симо Хајха ја напушта својата фарма и ù се придружува на финската војска.

Simo_hayha_second_lieutenant_1940

Симо Хајха, попознат под прекарот „Бела смрт“ е фински снајперист кој, во рок од сто дена има убиено повеќе од 500 руски војници за време на Зимската војна, која трае од 1939 до 1940.

Имено, есента 1939 година Советскиот сојуз бара од Финска да ја помести нејзината граница 25 километри од Ленинград. Тогашната финска влада ги одбива советските барања, по што Советскиот сојуз предизвикува инцидент на границата кој понатаму го користи како причина за напад на Финска.

Вака започнува Зимската војна.

По првиот напад, фармерот Симо е повикан на служба. Тој ја остава својата фарма и со себе ја зема ловџиската пушка М28. По кратко време, двете земји ги мобилизираат своите трупи на границата.

Советскиот сојуз нападнал, но Финците се бранеле одлично. Ниту еден снајперист на бојното поле не можел да се спореди со Симо. Затоа советските сили се концентрираат да го запрат токму него, но долго време безуспешно. Симо Хајха станува толку славен, што војниците им пишувале на семејствата дека се запознале со него.

Неговото оружје било руската Мосин-Нагант М91, а кариерата му завршува во моментот кога е погоден во лицето при што му страда дел од образот и брадата.

Ја преживува Зимската војна и станува еден од најлегендарните херои во финската историја.

Умира во 2002 од природна смрт.

- Реклама -