Фирма од струшко, тројца стружани и четворица албански државјани бесправно исекле над 10.000m³ буково дрво на планината Караорман

Струга, 19 август 2021 (МИА) – Оделението за внатрешни работи – Струга поднесе кривични пријави против фирма од струшко, тројца стружани и четворица албански државјани за кражба на дрва и пустошење на шуми.

СВР Охрид денеска соопшти дека при извршена контрола на 17 август на планината Караорман полицијата ги затекнала албанските државјани во нелегална сеча, а дрвата ги транспортирале до возило на струшка фирма.

– Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење на шуми“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село, како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35). Полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи го транспортирале до товарно возило, сопственост на првопријавениот и неговото правно лице, изјави портпарлот ан СВР Охрид Стефан Димоски.

Претставници од шумското стопанство „Јабланица“ од Струга, утврдиле дека извршена била бесправна сеча на 10.219 метри кубни букови дрва.

- Реклама -