FitnessCorner: Совети околу протеините кои нема да ги слушнете од вашиот доктор

Не знам од која причина, но секогаш кога ќе се споменат термините “протеин, протеински шејк, протеински оброк, протеинска храна, стек, јајца, протеин од сурутка” асоцираат на “билдери” и “билдерска храна” . Но дали е тоа само “билдерска” храна ?
Ќе споделам со вас нешто повеќе околу протеините, нивната важност и улога во дневното мени на една просечна личност и кај спортисти кој тренира интензивно:

Самиот термин ПРОТЕИН доаѓа од грчиот збор “прв, најважен”. Протеините или амино киселините (градбени блокови на протеините) се нешто што секоја индивидуа, независно дали е физички активна или не, треба да ги конзумира во основните количини кои на телото му се неопходни за минимално функционирање (преживување). Она што ниту една емисија, ниту дневен печат, ниту доктори, ниту нутриционисти не се трудат да ни  укажат на важноста на протеините и нивната структурална улога во телото, која е неопходна за раст и опоравок на секој/а клетка и орган во телото…СЕКОЈ/А! Нашите органи, кожа, мускули, коса, хормони, ензими, коски,  сврзни ткива, мозочни клетки – сите овие работи се изградени од АМИНО КИСЕЛИНИ (градбените блокови на протеините). Дел од нив (есенцијалните амино киселини или EAA кои се 9 на број) се НЕОПХОДНИ да се конзумираат, затоа што и самото нивно име кажува – ЕСЕНЦИЈАЛНИ, т.е нашето тело не може самото да ги произведе и синтетизира, и затоа е од исклучителна важност да ги конзумираме преку избалансирана исхрана, т.е правилен протеински внес (останатите 12 амино киселини се неесенцијални, т.е телото само може да ги произведе и синтетизира, но ова не значи дека не треба да се конзумираат).

Fried eggs in a pan with vegetables and mushrooms

Физичкиот стрес ( кревањето на тегови, а и секој друг спорт ) доведува до загуба на амино киселини и микро кинења на мускулните влакна. Поради овој факт, неопходно е индивидуа која е физички активна, и губи дел од амино киселините да ги надокнади преку храната. Од оваа причина, оние кои тренираат со тегови (и  физички активни индивидуи), треба да конзумираат повеќе протеини од луѓе кои се физички неактивни од причина што е потребен материјал за итен опоравок и раст после физичкиот стрес  т.е тренинг. Не сакам ни да навлегувам колку се неопходни протеините за оние кои имаат за цел градење на нова мускулна маса, всушност мускулниот  опоравок и раст е НЕВОЗМОЖЕН без адекватен внес на протеини (физички стрес + правилен внес на макронутриенти + одмор = мускулен раст). Количината на протеин кој треба да се конзумира преку храната е индивидуална, зависно од процентот на чиста мускулна маса, стажот и други фактори.

high-protein-foods

ХРАНА КОЈА Е ПОБОГАТА СО ПРОТЕИНИ :  Пилешки гради, телешко месо, јајца, риба и морските плодови, млеко и млечни производи, протеин од сурутка (Whey protein), јаткастите плодови и слично.

Се надевам дека ви помогнав да сфатите нешто повеќе околу протеините и нивната важност и улога  кај физичките активни и неактивни индивидуи. Храната може да биде вашиот лек или отров. Бирајте го вашето дневно мени претпазливо!

 

 

- Реклама -