Фудбалскиот клуб Гостивар од Гостивар, кој поради недоразбирање со локалната власт одлучи домашните натпревари да ги игра најпрво на Градскиот стадион во Штип, а потоа на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево со головите на Ајдоган, Симоновски и Алдаир во дербито на 7 коло ја совлада Шкендија со 3-1.
Без победник завршија натпреварите Брера Струмица – Тиквеш (0-0), Пелистер – Работнички (0-0), Шкупи – Беса (1-1) и Воска – Струга (1-1).
Колото ќе биде комплетирано вечерва по одигрување на дуелот меѓу Вардар и Силекс.
Табела: Гостивар 15, Шкендија 14, Работнички 13, Струга 11, Силекс 9, Шкупи 9, Пелистер 9, Брера 8, Вардар 7, Беса 5, Тиквеш 5, Воска 5.