Флексибилни батерии за флексибилни гаџети (видео)

Хартијата има една голема предност пред технолошките алтернативи, таа не е цврста и трпи виткање. Флексибилните батерии како оваа би можело да го промени тоа.

Ова дело на професорот Кеон Џае Ли, од Корејскиот Напреден Институт за Наука и Технологија, е флексибилна литиум-јонска батерија која може да биде свиткана и да продолжи да обезбедува енергија. Како што се гледа во видеото, батеријата поврзана со волтметар не прикажува никаква промена во перформансите и при виткање. Ова е токму она што е потребно за флексибилен е-читач или телефон.

{youtube}qws9XeKW3ws{/youtube}

Прочитајте и:  20-80 правилото за полнење на батериите го продолжува нивниот век, но немојте да го користите
- Реклама -