Флешмоб во Скопје (видео)

Флешмоб во Скопје (видео)На 10 декември, во Веро и во центарот на Скопје, се случи еден убав настан кој пријатно ги изненади сите посетители. Со цел веста да се прошири до колку што е можно повеќе читатели, луѓето кои го организирале настанот ни испратија материјали кои ние ви ги пренесуваме вам.

На 10 декември 2011, младинската организација „креАКТИВ“ организираше еден мошне несекојдневен настан на плоштадот „Македонија“ и во ВЕРО Центарот во Скопје. Се работи за т.н. ФЛЕШ МОБ настан кој се организира насекаде низ светот на јавни површни како плоштади, трговски центри, улици и сл. Се игра една препознатлива кореографија на песната од Мајкл Џексон “Beat it” и тоа насекаде низ светот со истите чекори. Овој настан го карактеризира масовноста на учесниците кои навидум изгледа дека се случајно таму на местото, како случајни минувачи, но и потоа спонтано дел по дел се приклучуваат на толпата и со тоа привлекуваат големо внимание на останатите луѓе кои се нашле во тоа време на тоа место. Повеќето од Флеш Мобовите имаат цел заради која се организираат.

Идејата на младите од „креАКТИВ“ беше на еден симболичен начин да се одбележи неделата на волонтеризам кога се организираат многу волонтерски настани и акции, а по повод Меѓународниот ден на волонтерство – 5 декември.

Сите млади луѓе кои се вклучија (вкупно 130), од Скопје, Куманово, Кавадарци и Битола, ја вежбаа кореографијата цел месец, орджувајќи проби неколку пати во неделата. Младите од Скопје вежбаа во салата кај основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода која ни беше отстапена како поддршка од Агенцијата за млади и спорт и општината Кисела Вода. Па така, резултатот можете и сами да го видите од официјалното видео:

{vimeo}33828376{/vimeo}

- Реклама -