Мерилин Монро со своите зборови, дека „не знам кој ги измислил високите потпетици, но знам дека жените му должат многу“ направи жените низ целиот свет да се согласат и секогаш одново да се заљубуваат во некој пар чевли со висока пета. Трендовите кои варираат и се менуваат, особено во лето овој пат подразбираат флорален изглед на било кој дел од Вашиот аутфит, така што чевлите не се имуни на ова. Платформа, врвки, шпиц врв, сандала или отворен прст – изборот е само Ваш, додека ги разгледувате нашите предлози во прилог.