Фон дер Лајен: Европската комисија ѝ обезбеди на Украина уште 1.5 милијарди евра помош

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен соопшти дека ЕК обезбедила исплата на уште една транша од макрофинансиската помош за Украина во износ од 1.5 милијарди евра.

„Денеска ѝ обезбедуваме на Украина уште 1.5 милијарди евра како дел од нашиот годишен пакет макрофинансиска помош“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа изјави дека ЕУ ќе продолжи да ѝ помага на Украина да се спротивстави на руската агресија, да го поддржува функционирањето на украинските институции, како и да и помага во спроведувањето важни реформи.

МИА

Прочитајте и:  Наришкин: Русија е против замрзнување на конфликтот, сакаме долгорочен мир
- Реклама -