Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување – тоа е инвестиција во европската безбедност

И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“.

-Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -