Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди нашата иднина

Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина, предупреди денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во говорот што го одржа на свечената пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветена на најголемото проширување на ЕУ во историјата – со 10, главно поранешни комунистички земји од истокот на континентот – таа ја опиша Русија како „егзистенцијална закана “ во Европа.

„Ако Русија ја добие војната, Европа повеќе нема да биде иста“, нагласи Фон дер Лајен и повика на продолжување на помошта за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја разбира само силата. Путин мислеше дека Европа нема да и помогне на Украина, но згреши. Мислеше дека американскиот Конгрес нема да гласа за доделување нова помош за Украина, но згреши, рече Фон дер Лајен.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Таа посочи дека Украина го направила својот европски избор, а ЕУ го направила својот избор еден ден да ја прифати земјата како нејзина членка.

Фон дер Лајен посвети внимание на клучната улога на земјите кои се приклучија на Европската унија во 2004 година во помагањето на земјата нападната од Русија.

„Да живее Европа“, додаде Фон дер Лајен. 

- Реклама -