Фон дер Лајен: Стратешка одлука за Украина, овој ден ќе биде врежан во историјата на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва оцени дека одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија и доделување кандидатски статус на Грузија е „стратешка одлука“ и нагласи дека овој ден ќе остане врежан. во историјата на ЕУ.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) изјави дека е горда што лидерите на ЕУ ги исполниле своите ветувања.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека ова е „горд момент“ за Европа, Украина и Молдавија.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -