Ford патентирал воздушни перници за на таван

Компанијата Ford патентирала технологија за сигурносна перница која би ги заштитила патниците од повреди во случаи на превртување на возилото. Според патентот, механизмот веројатно ќе биде сместен на таванот на возилото.

Конструкцијата со воздушна перница ќе се наоѓа „во сендвич“ меѓу кровот и поставата на кровот, и во случај на превртување ќе се активира и ќе формира дополнителен заштитен слој над главите на патниците, спречувајќи ги силните удари.

Веројатно најинтересно е што во патентот е наведено дека оваа воздушна перница може да биде интегрирана и во веќе постоечките автомобили на пазарот, бидејќи не се потребни сериозни промени во конструкцијата.

Барањето за регистрација на патентот/технологијата е поднесено уште во есента 2016 година.

- Реклама -