ФОТО| ЕУРЕКА го означи почетокот на новата танцова сезона!


Училиштето за модерни танци Еурека со 400 шарени балони, за 400 членови со кои ја заврши изминатата танцова сезона го означи почетокот на новата сезона. Скопјани имаа можност да уживаат во енергични танцови перформанси од членовите на студиото, кои ја пренесоа својата страст и посветеност кон танцот и музиката.

Еурека, која веќе 24 години е дел и двигател на нашата културна сцена, со своите програми по Хип-Хоп и модерни танци, ги отвора вратите за старите, но и нови генерации танчери. Студиото работи на 5 локации (Капиштец, Автокоманда, Бутел, Ново Лисиче и Кисела Вода) и е дом на големи и мали, почетници и напредни членови кои растат заедно во духот на уметноста.

Оваа кампања e уште една потврда дека младите носат позитива во секој агол на градот, а Еурека останува симбол на нивната креативност и енергија, создавајќи моменти за паметење за сите.

- Реклама -