На фудбалските терени, Ибрахимовиќ изгледа како Шекил О’Нил на кошаркарски паркет – повисок, посилен, помоќен, пострашен од останатите. Меѓутоа, застанат покрај Шекил О’Нил, Шек е тој што изгледа како што изгледа Златан на фудбалските терени.
Американската авантура на Ибра почна со два гола како извадени од најамериканското можно сценарио. Головите му донесоа пресврт и победа на ЛА Галакси од 4-3, а Американците веднаш го прогласија Златан за (фудбалски) бог.
Во продолжение на авантурата, Ибра седна и во публиката на ЛА Лејкерс, каде што имаше можност да се сретне и со „Човекот од челик“ лично. И, се случи очекуваното. Што и да ставите покрај Шек ќе изгледа мало.