Фото на денот: Воените тактики на ИСИС

isis

Во градовите и селата од кои ИСИС се повлекува, војските на Коалицијата наидуваат на некои чести, но и помалку чести тактики на борба. Од стандардните подземни тунели, до рачно изработени оружја, меѓу кои и „направи сам“ мортари поголеми од сé со што располага ирачката армија.

Сепак, една од најимпресивните тактики е оваа погоре на сликата – ИСИС гори нафта со цел да им ја попречи видливоста на коалиционите бомбардери и дронови. Методот е особено успешен кога се гори сурова нафта. За тие потреби, досега ИСИС прераспоредуваше по 100 танкери сурова нафта дневно, барем до моментот кога ирачките сили ја заземаа електроцентралата Гејада (?) на околу 65 километри од Мосул, каде што е снимено видеово.

Прочитајте и:  Израелските напади ги зголемуваат цените на нафтата и економскиот товар на Иран

https://youtu.be/w50SBK1oqS8

- Реклама -