(Фото) Обвинение за нелегално поседување и продажба на оружје за стрелачки клуб од Прилеп, одземени околу 80 парчиња оружје

Неправилности во стрелашкиот клуб во Прилеп

Во Прилеп, Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, реализираше значаен случај поврзан со недозволена трговија со оружје, поврзана со стрелачкиот клуб. На 6 мај 2026 година, до Основното јавно обвинителство во Прилеп е поднесена кривична пријава против управителот К.Ч. (43) и ракувачот со оружје Т.Д. (73), како и против самиот стрелачки клуб. Тие се сомничат за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материјали“ согласно член 396 од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 26 до 29 јануари 2026 година, на непосреден увид по наредба од јавен обвинител, во просториите на стрелачкиот клуб биле пронајдени пет малокалибарски пушки за кои не постоела соодветна дозвола. Истрагата откри дека управителот и ракувачот со оружје, како членови на управниот одбор, организирале продажба на огнено оружје, сопственост на клубот, на лица без дозвола за поседување оружје.

Прочитајте и:  Италија поставува противвоздушен систем во Турција во рамките на планот на НАТО

Во рамките на акцијата, на 6 мај од стрелачкиот клуб биле одземени околу 70 малокалибарски пушки, 10 малокалибарски пиштоли, како и значителна количина на пневматско оружје, со цел да се покрене управна постапка пред надлежните органи.