Фотографии на Дејвид Молд

фотографииЕден од најтешките субјекти за фотографирање е природата. Ние луѓето премногу долго живееме одвоени од неа, па не е ни изненадување што повеќето од нас не би успеале да ја фотографираат. Но, постојат и луѓе кои едноставно имаат дарба, еден од нив е Дејвид Молд.

Еден од најтешките субјекти за фотографирање е природата. Ние луѓето премногу долго живееме одвоени од неа, па не е ни изненадување што повеќето од нас не би успеале да ја фотографираат. Но, постојат и луѓе кои едноставно имаат дарба, еден од нив е Дејвид Молд.

Дејвид Молд

Дејвид Молд е самоук Шкотски фотограф кој најчесто можете да го најдете крај некое езеро или планина во неговата родна земја. Неговите фотографии се фокусираат на пејсажи, и во последните три години има направено слики од многу прекрасни локации во Шкотска. Тој вели: „Некои луѓе велат дека фотографијата е среќа, епа, јас верувам дека секој си ја создава својата среќа… Ако знаете каде изгрева и заоѓа сонцето, ако знаете кога лисјата менуваат боја; среќа е кога сите елементи ќе си дојдат на место… но знаењето ве става на вистинското место за да ја направите совршената фотографија.“

- Реклама -