Фотографии направени без фотоапарат

Повеќе... Гледајќи некои импресивни професионални фотографии од современите фотографи, неизбежно е да помислиме дека за да се направат е неопходна софистицирана (и скапа) опрема. Но, од друга страна, стотици години наназад, па се до денес, се прават неверојатни фотографии на креативен начин без воопшто да се користи фотоапарат.

Гледајќи некои импресивни професионални фотографии од современите
фотографи, неизбежно е да помислиме дека за да се направат е неопходна
софистицирана (и скапа) опрема. Но, од друга страна, стотици години наназад, па се до
денес, се прават неверојатни фотографии на креативен начин без воопшто
да се користи фотоапарат.

Фотограми

puja-photogram-of-negative.jpg
puja-photogram-leaves.jpg
Фотограмите се, наједноставно кажано, фотографии направени без фотоапарат. Се поставуваат различни објекти на фото-сензитивна хартија и сето тоа е изложено на светлина. После такавата обработка, деловите на кои се поставени објектите изгледаат како негативи, а делот од хартијата останува темен. Овој метод прв го користеше и го популаризира уметникот [[Man_Ray|Ман Реј]] кој ваквите свои дела ги нарекуваше рејографи
 
Фотограмите со луѓе на Mark Magnan
mark-magnan-photograms.jpg
mark-magnan-photograms-2.jpg
 
Бидејќи кај фотограмите сликата се прави директно на хартијата, не постои негатив. Секој фотограм е уникатен и единствен. За овие фотограми уметникот Mark Magnan искористил големи парчиња на фотографска хартија за да ја фати човечката форма на реалните модели на фотограм.
 
Природни фотограми – Angela Easterling
Фотограмот најпрво се употребувал за да се документираат ботаничките примероци.
angela-easterling-photograms.jpg
Истражувачките фотограми на Keith Carter
Иако овие фотограми се направени во ова време лесно е да се замисли дека се стари стотици години. Keith Carter екпспериментира со најразлични видови објекти поставувајќи ги на фотограм.
keith-carter-photograms.jpg
 
Фотограми во движење – Glenn Freidel
Користењето на фотографијата за да се прикаже движење не е нов концепт, но фотограмите се поинаква приказна. Самата идеја за фотограмот е контрадикторна со концептот на движење. Glenn Freidel успеа да ја надмине таа бариера со овие колоритни фотограми со големи димензии од човечки модели. Иако статични, нивните тела изгледаат како да се во движење и полни со живот.
glenn-friedel-photograms.jpg
 
Фотографии направени со камера без леќи
Многумина како деца правеле вакви камери во училиште. Камери можат да се направат од речиси се и сешто: конзерви, кутии, мобилни телефони… во суштина се што што не е пробојно за светлина. Во продолжение погледнете фотографии направени на овој начин.
 
Mark Tweedie – Сон за летање
mark-tweedie-pinhole.jpg
mark-tweedie-pinhole-2.jpg
mark-tweedie-pinhole-3.jpg
 
Erika Dudaite (Литванија)
erika-dudaite-pinhole-photography-chess-game.jpg
 
Andrius Narvicius – фотографии направени со куфер
andrius-narvicius-suitcase-pinhole-photography.jpg
andrius-narvicius-suitcase-pinhole-photography-2.jpg
andrius-narvicius-suitcase-pinhole-photography-3.jpg
Andrius Narvicius (уште еден литвански фотограф), ги направи овие фотографии користејќи куфер претворен во камера без леќи. Тој има направено поголем број необични камери од различни нешта кои можете да ги погледнете овде.
- Реклама -