Фотографија која за малку ќе им беше последна (Видео)

Денешните мобилни телефони содржат бројни функции, па современите смартфони често претставуваат многу повеќе од само обични средства за комуникација. Често се употребуваат како фотоапарати и камери, и иако се навистина корисни и забавни, со нивна неодговорна употреба при возењето, може да биде и трагична, како што за малку на своја кожа ќе го почувствуваше и оваа млада двојка.

Според видеото, несреќата беше избегната за влакно, а двете возила при разминувањето само ги потчукнаа ретровизорите. Но, доколку дојдеше до судир, последиците веројатно ќе беа трагични, а шансите за девојката да преживее дополнително намалени со оглед на тоа што таа не носеше сигурносен појас.

[youtube]http://youtu.be/6RcQ1HZUB1g[/youtube]

- Реклама -