Фотографија на годината: Модерното општество во еден кадар

Фотографијата на жена која гледа во смартфон ја понесе „Grand“ наградата на годинешниов конкурс на National Geographic за најдобра фотографија.

Авторот е Брајан Јен од Хонк Конг.

„Додека ја гледам фотографијата, имам спротивставени емоции. Од една страна, ја гледам слободата која ни ја подарува технологијата, од друга страна, гледам луѓе кои не се ни трудат да бидат пријателски настроени едни кон други, бидејќи не мораат. Фотографијата тоа го отсликува, исто така чувствувам и вина бидејќи како и оваа дама на средина на возот, се изгубив во својот свет“, рече Јен. „Технологијата во последните 10 години го промени светот, овозможувајќи им на луѓето да побегнат во свој свет каде и да се наоѓаат во моментот на бегство“.

Јен доби награда од 10.000 долари и патување во седиштето на National Geographic каде ќе се одржи семинар на фотографи. На конкурсот учествуваа 9.289 фотографи од 150 земји во светот.

242A5AC700000578-0-image-a-24_1419007674369[1]

- Реклама -