„Фографијата е уметност, а не притискање на копчето.“ Ова се зборови на светски познатиот моден фотограф Франк Хорват, роден во 1928 година во Италија.
Во 1944 година неговата љубов кон фотографијата го тера да ја размени својата колекција од марки за фотоапарат на старо.
Завршува на Академијата за ликовни уметности на Брера во Милано. Во 1951 година во списанието “Епока” е објавен негов фотографски есеј за јужна Италија, а неговата прва фотографија во боја е отпечатена на насловната на списанието.
Во 1955 година се сели во Париз и започнува да работи во областа на модата и рекламирање. Во 60-тите години често патува меѓу Париз, Рим, Лондон, Њујорк, фотографира за публикации како “Вог” (Vogue), “Гламур” (Glamour), “Ел” (Elle) и др. За прв пат како моден фотограф работи со списанието “Харпер Базар” (Harper’s Bazaar), а потоа во германското списание “Ревија” (Revue).
Во следните децении работи на создавање на различни книги, проекти, експерименти во модата и уметноста. Зад себе има над 40 самостојни изложби и издадени над 20 книги. Во последните години се ориентира кон фотомонтажа во супер-рералистичен дух користејќи компјутерска опрема.
Да погледнеме дел од неговите извонредни модни приказни, правени во текот на годините.