Фоторепортажа: Битола

Фоторепортажа: БитолаБитола се наоѓа во југозападниот дел на Македонија и е вториот град по големина во државата. Но, малкумина ги виделе убавините кои не се наоѓаат во градот, туку во неговата околина.


Фоторепортажа: БитолаКако продолжение на соработката со Скопско туристичко лето, проектот на Балканија; која ја започнавме со прошетката до Демир Капија, овојпат заминавме на разгледување на убавините во околината на Битола. Првото место кое го посетивме беше селото Крклино.
Фоторепортажа: БитолаВеднаш по пристигнувањето се упативме кон хиподромот „Хрибо“. Таму прво нѐ пречека малото и нервозно пони коњче Алфред, кое имаше мерак да ги грицка посетителите кои му се приближија премногу. Домаќините го опишаа како „дифтар“, па затоа доколку некогаш патот ве одведе натаму, запомнете – не го галете Алфред!
Фоторепортажа: БитолаПокрај Алфред, во ергелата во овој момент има уште 8 расни коњи. Еден од нив, неколку пати до сега бил шампион на Македонија.
Фоторепортажа: БитолаВо овој комплекс, можете да се напиете домашно вино, да уживате во атмосферата и да јавате коњи. Цените се прилично пристапни, а локацијата гарантира уживање.
Фоторепортажа: БитолаФоторепортажа: Битола{vimeo}20701625{/vimeo}
Кога веќе ќе се најдете во Крклино, не смеете да го пропуштите „Авто-етно“ музејот. 
Фоторепортажа: БитолаКако што навестува и името, музејот е поделен на два дела. На долниот кат ќе видите една импресивна колекција од десетина автомобили олдтајмери и повеќе модели на мотоцикли и останати превозни средства од минатото, кои по некоја случајност се нашле на просторот на Македонија.
Фоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаШтом ќе се качите на горниот кат, добивате чувство како да сте влегле во временска машина. Таму, на некој магичен начин се испреплетени неколку изминати епохи…
Фоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: Битола

Отоманскиот агол

Фоторепортажа: БитолаТуристичкиот водич, прекрасната Леа Баша, се согласи да биде модел, па со нејзина помош подобро доловивме дел од експонатите изложени во музејот.
Фоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаФоторепортажа: БитолаПо напуштањето на селото Крклино, се упативме кон снежните падини на Баба. Таму го посетивме Туристичкиот инфо центар, кој се наоѓа во некогашната куќа на Лазар Колишевски, нешто под хотелот „Молика“.
Фоторепортажа: БитолаВо инфо центарот ќе ве пречекаат љубезните вработени кои ќе ви ги дадат сите потребни информации, а додека се одмарате, ќе можете да се напиете и топол пијалак (чај или инстант кафе). На горниот кат има поставено изложба на фотографии кои го претставуваат биодиверзитетот на националниот парк Пелистер. Главната атракција на изложбата се двете препарирани животни – малото срнче и една анорексична мечка.
Фоторепортажа: БитолаНо, затоа во дворот има мечка со солидна бронзена градба која го чува објектот.
Фоторепортажа: БитолаИма нешто магично во прошетката помеѓу густите дрвја прекриени со снег, на место каде што можете да станете дневен оброк на гореспоменатиот биодиверзитет…
Фоторепортажа: БитолаДоколку некогаш повторно се најдете во Првата светска војна, имајте на ум дека патеката која поминува веднаш зад Инфо центарот е наменета токму за такви ситуации…
Фоторепортажа: БитолаПо снежното освежување, следуваше посета на селото Дихово, во подножјето на планината. Таму се наоѓа еден интересен објект, наречен „Вила Дихово“, кој е најдобар пример за тоа како треба да му се пристапи на концептот на етно туризмот. Во вилата има соби кои можат да се изнајмат и кои се во целост уредени во традиционален стил. Но, најинтересното нешто за вилата е фактот што не постои ценовник. Правилото вели дека по крајот на престојот оставате онолку пари колку што сакате, т.е. онолку колку што сте биле задоволни од услугата. Единствено нешто што се наплаќа според ценовник се алкохолните пијалаци.
Фоторепортажа: БитолаА, алкохолните пијалаци се од домашно производство – ракија, вино и можеби најинтересно од сѐ – домашно пиво, единствено во Македонија. Светлото и темното пиво имаат доста интересно име – Like; и се особено вкусни.
Фоторепортажа: БитолаНа крајот од исклучително интересниот ден ни остана време само за уште едно кафе на Широк сокак. И не зажаливме што отидовме во Битола, затоа што таму беше забележана сендвичарницата со убедливо најдоброто име во Македонија.
Фоторепортажа: Битола

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
- Реклама -