Фоторепортажа: Демир Капија

Фоторепортажа: Демир КапијаДемир Капија е мало градче во Повардарието, токму на местото кадешто Вардар влегува во Демиркаписката клисура. Пронајдени се археолошки докази дека таму постоела населба уште од Неолитот, а денес, ова мало населено место живее главно од виното и за виното.


Фоторепортажа: Демир КапијаЗа првпат кај нас, започнаа редовно да се организираат туристички тури, не само за странските туристи, туку и за македонските жители. Проектот Скопско туристичко лето, започнат од невладината организација Балканија е одлична можност за сите оние што недоволно ги познаваат убавините на својата земја, а кои сакаат да ги погледнат и искусат одблизу. Фоторепортажа: Демир КапијаРешивме да заминеме на „Винска тура 2011“ и бевме пријатно изненадени уште на почетокот на патувањето. Во двата автобуса имаше и професионален туристички водич, за во ниту еден момент патниците да не лутаат и да не се прашуваат за нештата кои ќе ги видат и ќе ги посетат. Во нашиот автобус, Леа Баша одлично ја заврши својата работа, раскажувајќи во детали за историјата на градот Демир Капија и околината, во која се пронајдени населби кои датираат уште од Неолитот, па сѐ до денес, на неколку различни локации, сите блиску до Демиркаписката клисура.
Фоторепортажа: Демир КапијаДемир Капија станала важна стратешка точка уште во времето на Пајонците, поради специфичноста на преминот помеѓу југот и северот и можноста за контрола на протокот на луѓе и стоки. Пред продорот на Османлиите на Балканот, местото наречено Попова Кула служело како патарина кадешто сите трговци кои од југ оделе кон север и обратно морале да платат данок.
Фоторепортажа: Демир КапијаНа тоа место денес се наоѓа една мала винарска визба со пријатен амбиент, која го носи истото име. Таму бевме пречекани од љубезниот персонал, кој ни овозможи една тура на производните погони и визбите во кои се складира подготвеното вино.
Фоторепортажа: Демир КапијаЦените во оваа винарија се доста пристапни, како на вината, така и во ресторанот кој функционира во склоп на комплексот. Постојат и апартмани со различна тематика, но тие се нешто поскапи. Сепак, останува заклучокот дека ова е одлично место за еднодневна прошетка и уживање во местото кое годишно добива помеѓу 250 и 300 сончеви денови.
Фоторепортажа: Демир КапијаСо оглед на бројните археолошки наоѓалишта во околината на Демир Капија, многу често можете да наидете на артефакти и на најчудните места.
Фоторепортажа: Демир КапијаА кога сме веќе кај артефактите, доколку патот ве одведе кон Демир Капија, едноставно мора да го посетите музејот кој се наоѓа во дворот на училиштето. Демиркапискиот музеј е единствен музеј посветен на виното во поширокиот регион.
Фоторепортажа: Демир КапијаВо музејот ќе имате шанса да погледнете артефакти од сите периоди откако постојат населби на овој простор, поточно, ќе можете да ја насетите културата на конзумирање вино од дамнина, до денес.
Фоторепортажа: Демир КапијаПостојат и голем број реплики од одредени артефакти (во предниот дел) од пронајдените парчиња кои не биле доволно сочувани, за да можете да ги видите во нивниот полн сјај.
Фоторепортажа: Демир КапијаНајинтересните нешта се кријат во втората соба. Таму полека влегувате во античкиот свет и речиси можете да го допрете духот на тоа време.
Фоторепортажа: Демир КапијаНа пример, специфичниот разбој на фотографијата погоре, сѐ уште може да се најде во по некој дом во Демир Капија, кај постарите жени, кои и понатаму го користат и покрај неговата непрактичност.
Фоторепортажа: Демир КапијаФоторепортажа: Демир КапијаЗа време на фотографирањето на експонатите во музејот, вашиот фоторепортер доживеа мала несреќа кога се лизна на подот и за малку ќе паднеше врз два ќупа од вториот век. За среќа, таму се најдоа неколку добри луѓе кои спречија создавање на незгодна ситуација.
Фоторепортажа: Демир КапијаВо недела во Демир Капија, освен винариите во околината од градот и ресторанот во центарот, ништо друго не работи по 12 часот. Оттаму, ви преостанува само да седнете и да се напиете нешто или пак да прошетате.
Фоторепортажа: Демир КапијаНа крајот од денот ја посетивме винаријата Вила Марија. Комплексот е изграден во времето кога имотот од 2700 хектари бил во посед на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.
Фоторепортажа: Демир КапијаТој ја подигнал винарската визба, заедно со коњушницата во која се одгледувале најубавите липицанери, кои биле префрлени во ергелата Хоустон во Чешка за време на Втората светска војна.
Фоторепортажа: Демир КапијаКралот Караѓорѓевиќ таму ја изградил Вила Марија, летната вила за својата љубовница Јелена.
Фоторепортажа: Демир КапијаЗа негова жал, таа престојувала на овој простор само двапати во својот живот, што воопшто не ја намалува убавината на градбата.
Фоторепортажа: Демир КапијаНе можеме да се пофалиме многу со услугата во оваа винарија, а цените се идентични со оние во продавниците во целата земја.
Фоторепортажа: Демир КапијаЈа препорачуваме за посета единствено доколку сте вљубеници во историјата и имате желба да погледнете парче од минатото што е замрзнато во времето.
Фоторепортажа: Демир КапијаСѐ на сѐ, иако мал, Демир Капија е убав град во кој има што да се види, доколку знаете што барате. А денот секогаш завршува убаво доколку го поминете со добри луѓе и убаво друштво…
Фоторепортажа: Демир Капија

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство
- Реклама -