Пред три месеци Foursquare објави дека ќе ја подели својата апликација на две одделни апликации.
На тој начин беше претставена апликацијата Swarm која исто како Foursquare ни дава можност да се чекираме на дадени места. Додека пак главната апликација се фокусира да стане место за пронаоѓање на различни локации и препораки.
Вчера компанијата го претстави новиот дизајн на апликацијата, заедно со новото лого кое беше претставено минатата недела.
Една од најголемите промени или новитети во Foursquare е системот за тагирање наречен “tastes.” Уште од почетниот екран вие ќе можете да избирате храна, пијалоци или типови на места кои вам ви се интересни. Од друга страна Foursquare ви дава и листа со предлози во зависност од вашите претходни чек-ин места, но исто така имате и опција за пребарување.
Дизајнот е сосема различен од оној кој сите го знаеме. Јазичето ‘Find a Place’ има за цел да претставува прв чекор кон пронаоѓање на дадено место каде би сакале да се чекирате. А освен тоа го преден план се и препорачаните места кои се наоѓаат во ваша близина разделени во категории: Breakfast, Lunch и Nightlife.
Секоја категорија има слика и покажува места кои се препорачани од вашите пријатели, или пак места кои вие сте ги пребарале.
Второто јазиче наречено Here има за цел да ви ја претстави најважната информација за местото, или да ви даде совет, на брз и многу поинтересен начин. Ако веќе ја имате инсталирано апликацијата Swarm тука ќе видите и копче кое ќе ви даде можност за да се чекирате.
Третото јазиче го носи името Tips и е разделено на три колони: луѓе кои ги следите, совети кои вклучуваат некои од вашите вкусови и коментари за најпопуларните места околу вас.
За на крај, редизајнираното јазиче за профилот, има место каде вие можете да ги разгледувате вашите зачувани места, поставките, известувањата и да го видите списокот на луѓето кои ги следите. Овде можете да го видите и новото лого на апликацијата кое се наоѓа во левиод горен агол.
Дали веќе ја разгледавте новата апликација на Foursquare?
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.