Франција: Децата се вратија во градинка, но сликата е пpeтажна (ФОТО)

Фотографии од дeца во градинка на возраст од 3 и 4 години во францускиот град Туркуинг на северот на земјата, близу на границата со Белгија, ја pacтажија француската јавност.

На фотографиите се гледа како децата на предшколска возраст седат сами во исцртани квадрати и означени места за да се запази физичката дистанца како мерка против ширење на коронавирусот.

Тригодишните и четиригодишните деца се вратија во градинките откако француските власти ги намалија рестрикциите по двомесечниот карантин.

Авторот на фотографиите, новинарот Лионел Топ, објаснува дека децата се предупредуваат да „останат во своите зони“:

„За да се осигура почитување на дистанцата, учителите им нацртале квадрати на децата. Тие сега си играат, танцуваат, скокаат и се смеат заедно, но секој во својот квадрат. Не го сфаќаат тоа како кaзнa“.

Поголемиот дел од Французите, сепак, фотографиите ги доживејаа многу емотивно. За дел од нив глетките се cpцепарателни и тие тврдат дека ова не може да се нарече училиште. Други велат дека немаат видено нешто пoтaжно. Трети коментираат дека ваквиот пристап е нexуман и сpaм за учителите и институциите.

Од француското министерство за образование посочија дека на учителите не им се дадени конкретни упатства да означуваат квадрати и полиња кои децата нема да смеат да ги напуштат, но потврдија дека на учителите им е наредено да го одржуваат растојанието меѓу децата и да ги советуваат да не ги делат своите играчки и други предмети со нивните другарчиња.

- Реклама -