Франција им посака „Добредојде“ на 150 лидери на самитот за климатските промени

Францускиот претседател Франсоа Оланд и генералниот секретар на Обединетите Нации ги поздравија пристигнатите 150 светски лидери на отворањето на строго обезбедуваниот самит за климатски промени во Париз.

Конференцијата ќе трае 12 дена и во неа ќе учествуваат претставници на 195 нации.

Се очекува во рамките на средбата да биде постигнат првиот вистински глобален договор за ограничување на штетните гасови исфрлени во атмосферата.

image

- Реклама -