Француската премиерка предупреди на можни рестрикции престојната зима

Париз, 29 август 2022 (МИА) – Француската премиерка Елизабет Борн ги предупреди денеска раководствата на компаниите за ризик од рационализирање на енергијата во текот на зимата, повикувајќи ги да преземат чекори за намалување на потрошувачката.

„Ако дејствуваме колективно, тогаш можеме да го надминеме ризикот од недостиг, но доколку сите не се вклучат и ако се спојат сите лоши сценарија, тогаш би можеле да бидеме принудени да наметнеме рестрикции за потрошувачите“, рече таа.

„Ако завршиме со рационализирање, компаниите ќе бидат најпогодени и за жал треба да бидеме подготвени за тоа“, истакна француската премиерка.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -