Ова нема да заврши во полза на Бугарија, смета професорот Љубомир Фрчкоски, прашан за најавите за блокада на евроинтеграцискиот процес на земјава од страна на нашиот источен сосед. Според него, со ваквите барања, бугарската страна ги остава своите радикални кругови да „се глупираат“ и тие не треба да бидат спречени во тоа.
„Бугарската историја треба да расправа со другите истории. Кога ќе ги префрлите на политички терен, oд нивна страна изгледа сурово кон нас, сметаат дека сега е време да ги искористат сите артилериски орудија протiв нас“, рече Фрчкоски во гостување во „Студио 10“ на „ТВ24“.
Како што оценува тој, доколку Бугарија не се однесуваше вака, бугарската влада ќе била обвинувана дека ја пропуштила можноста да направи напад врз нас. Затоа, смета Фрчкоски, решила „сега мораме да бидеме лоши, да ги пуштиме софиските вмровски кругови да се изглупираат до крај“.
Според Фрчкоски, не треба да бидат спречени во тоа:
„Тие можат да сакаат сѐ, не мислам дека треба да ги спречиме во глупирање. Пуштете ги, ќе ја искористат ситуацијава лузерската позиција да ја испумпаат до крај. Мислам дека ова нема да заврши во полза на Бугарија, пуштете ги нека се глупираат“, рече Фрчкоски.