Фрчковски предложен за амбасадор во Обединетите нации, потврди Џафери

Претседателот на Собранието – Талат Џафери, денеска потврди дека професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.

На денешната средба со медиумите, а потоа и во изјава, Џафери рече дека пристигнати се материјалите за Фрчковски, а кога ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за надворешни работи зависи од претседателот на Комисијата.

„Имам добиено материјал. Од Министерството за надворешни работи доставени се тезите на дотичното лице, се работи за професорот Љубомир Фрчкоски. Во соодветна процедура Министерството ги достави тезите на кандидатот и веднаш се доставени до претседателот на Комисијата за надворешни работи, но досега не е свикана седницата. Таа е во надлежност на претседателот на Комисијата за надворешни работи. Кога ќе реши тој да ја свика, тогаш би требало да биде“, изјави Џафери.

- Реклама -