Фронтменот на „Рибја Чорба“ се разведе по четири години брак! Во Словенија има нова девојка

Бора Ѓорѓевиќ се разведува од 28 години помладата сопруга Александра по четири години брак, но поради тоа не пати, бидејќи како што вели неговата поранешна сопруга брзо нашол замена во една девојка која живее во Словенија.
Бракот на Бора Ѓорѓевиќи неговата сопруга Александра официјално заврши во вторникот, а фронтменот на „Рибја Чорба“ одлучил да зборува за тоа и откри дека со месеци не живеел со својата, сега поранешна сопруга, но дека вешто го криел тоа од јавноста за Александра да не биде повлечена во медиумите.

„Се разведов пред два дена, сега тоа можам и јавно да го кажам“, рекол Бора за српските медиуми, но тогаш сите ги изненадил, признавајќи дека сепак не е сам и откри дека има нова девојка, која живее во Словенија.

„Навистина никогаш подобро не сум се чувствувал, нон-стоп сум на релација Србија- Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно, не го симнувам телефонот. Заљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет!“, искрено рекол Бора, кој го подготвува својот нов албум, кој на крајот на годинава би требало да излезе во јавноста.

- Реклама -