Фудбалер си направи апдејт на невестата: Од Мис 2013 во Мис 2014

Емануел Еменике играше во многу европски клубови, но никогаш не успеа да се прослави, барем не преку фудбалот. Причината што сега читате за него е што Еменике реши да се прежени.

Интересниот дел е ова: Во 2014-та Еменике се ожени со Езин Акудо, тогаш актуелна мисица на Нигерија за 2013-та. Арно ама, нивниот брак траеше само неколку месеци, по што фудбалерот за само неколку недели започна љубовна врска со „најновиот модел“ на Мис Нигерија – таа за 2014-та година (Ихеоме Нади, таа на сликата).

Во меѓувреме Нади му роди ќерка, па овие денови Еменике конечно реши да ја ожени.

Фино да се чуе, зашто како тргнаа работите, очекувавме Еменике да тера барем до Мис 2018. А греота се невестите, така да ги менува ко Ајфони…

- Реклама -