Фудбалот се простува со Астори (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет денеска се простува со Давиде Астори, а посебен респект до дечките од Јуве кои директно од Вембли слетаа во Фиренца.

Погребот е закажан во попладневните часови и голем број луѓе се собраа да го испратат во вечното почивалиште,

Пред Базиликата „Ди Санта Кроче“, може да се забележат голем број соиграчи од италијанската репрезентација, соиграчи од клубовите за кои настапуваше и негови лични пријатели како Франческо Тоти, Џузепе Роси, Ел Шарави, Џанлуиџи , Федерико Киеза, Марио Балотели и други, како и цел тим на Интер, но и на Јувентус кој пристигна во Фиренца директно од „Вембли“.

Астори во својата кариера настапуваше за Рома, Милан и Каљари, а смртта го затекна како капитен на Фиорентина. Воедно играше и за италијанската репрезентација во период од 2011 до 2017 година каде забележа 14 настапи за националниот дрес.

- Реклама -