Галилеовата планетарна загатка решена после 400 години

На научниците и астрономите им биле потребни цели 400 години да објаснат зошто Венера изгледа многу поголема од Јупитер.

Венера изгледа поголема од Јупитер се додека ја посматрате со голо око, но кога ја посматрате со помош на телескоп, се чини дека планетите ја замениле својата големина – Јупитер изгледа поголем од Венера.

Италијанскиот физичар, математичар и астроном галилео Галилеј бил збунет од оваа мистериозна замена пред повеќе од 400 годинни. Тој сметал дека причина за тоа е одредена „ препрека во човековото око“.

И сега, 400 години подоцна, научниците тврдат дека имаат многу попрецизни објаснувања.

Нашата перцепција на светло, додека тоа минува низ окото, има тенденција да ги зголемува светлосните објекти кои се наоѓаат пред темната позадина.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Венера успева да го „помине“ Јупитер и затоа нам ни се чини дека е 8 до 10 пати поголема, така што научникот од 16. век целото време бил во право.

Научниците тврдат дека човековата зеница и мозокот се програмирани на тој начин што реагираат на контрастот меѓу светлите објекти и темната позадина.

„ Галилео бил првиот кој рекол дека нашето око ја менува реалноста. Можел да види дека Венера изгледа значително поголема од Јупитер кога се гледа со голо око како и дека важело спротивното кога ќе гледаме со помош на телескоп“, вели Хозе Алонсо од Државниот универзитет во Њујорк.

- Реклама -